Направете сами: Хартиени снегулки
Снегот е заштитен знак на зимата и новогодишните празници. Ако го немаме надвор, секогаш постојат идеи за да го создадеме во домот.
Направете си празнична снежна атмосфера дома, без да се смрзнувате на ниските температури. Уште како мали во градинките и училиштата децата учат да прават хартиени снегулки.
Многу се едноставни, а секојпат може да бидат со различен дизајн кој ќе ве изненади при секое отворање.
Некои ги користат за да ги украсат ѕидовите, а некои прозорите. Што и да одберете важно е убаво да се забавувате и сами да си направите украси без да потрошите пари.
Сè што ви е потребно се хартија и ножици. Со неколку едноставни чекори секоја хартиена снегулка може да биде различна.
Ако не сте сигурни дали ќе ви успее пробајте најпрво преку оваа апликација, која ви ги покажува чекорите за подготовка на листот кој со помош на глувчето може да го исечете како вие сакате и да видите каква хартиена снегулка сте направиле.
Навистина е интересно, забавно и креативно. Истото тоа потоа може да го направите и со вистинска хартија.
Кликнете на оваа апликација за да пробате да направите хартиена снегулка, а може да ги следете и овие фотографии чекор по чекор .