Куќа на Алпите и резиденција на Циришко езеро - имотот на Роџер Федерер (фото)
Роџер Федерер оваа зима ќе може да одмара на својот имот во регионот на Швајцарските Алпи во областа Граубунден, близу до селото Лензерхеиде.
Федерер го купи ова земјиште во 2008 за 12 милиони франци и изгради нова вила. Новата градба се проценува на 8 милиони франци, а вклучува и 150 квадрати базен како и велнес центар.
Во прилог се фотографии од зимската вила на семејството Федерер:
Освен овој имот, швајцарецот во 2011 инвестираше 29.000.000 франци за земјиште од 5.800 метри квадратни на Циришкото езеро, во областа каде живеат исклучиво милијардери.
Сега за сега, постои само концепт дизајн за изгледот на куќата која треба да биде нова резиденција на Роџер и неговото семејство.
3 ката, прекрасен поглед на езерото, надворешен базен се само дел од видливите планови на фотографиите: