Неверојатна средба: Гушкање под вода (видео)
Група нуркачи нуркала близу островот Kalf of Men, недалеку од островот Меn, кога им се придружила млада фока. Нејзе најмногу ѝ се допаднал 15-годишниот Џејми кому почнала најпрво да му ги прегрнува пераите, а потоа и ногата.
Фоката му се приближила уште повеќе, а тој почнал да ја гали, по што таа нежно му ја фатила раката со устата.
„Бевме во вода само неколку моменти кога ни пријде фоката и одма почна да ни ги фаќа пераите за да ни го привлече вниманието. Иако нам не ни е необично да сретнуваме фоки додека нуркаме, сепак оваа беше многу заинтересирана за дружење со нас и кога и да помислевме дека си заминала, таа брзо се враќаше и пливаше весело околу нас“. – раскажува Мишел Хејвуд , инструкторка од нуркачкиот клуб „Discover Diving“.
На Џејми, кој е на снимката, ова му било прво нуркање и имал среќа да доживее неверојатна средба за која многумина се надеваат цел живот.