Запросување со рендген снимка (видео)
Додека Марин собирал храброст за да ја запроси Јелена, одлучил тоа да го направи на еден уникатен и неочекуван начин. Направил цела драма и организација која сигурно досега не сте ја виделе.
Марин Зовко од Босна на својата девојка Јелена Мелетиќ, најпрво ѝ испратил драматична смс-порака дека нешто страшно го прободува во градите и му создава силна болка поради која мора да оди на рендген и ја повикува да дојде на радиологија.
Јелена загрижена стигнала и веднаш почнала да ја распрашува докторката.
Но, таа бидејќи била дел од целата приказна направила уште подраматична ситуација кога ѝ рекла на Јелена дека резултатите на нејзиното момче се толку сериозни, што медицината сè уште нема лек за таква болест.
Во тој момент ја извадила рендген снимката на неговиот граден кош, каде во срце пишувало: Омажи се за мене! Тогаш се појавил и Марин и клекнал пред неа.
Дали Јелена го прифатила предлогот погледнете во видеото: