Погоди кој е? (85)
Таа е 38 - годишна глумица, родена во Јужноафриканска Република, преселена во Лос Анџелес, која својата прва улога ја имала во филмот„2 Days in Valey".
Позната по улогите во филмовите „The Devil’s advocate”, „The Italian job”, „Sweet November” , „Monster“ – за кој има добиено и Оскар за најдобра главна женска улога во 2003 година.
Уште од најмали нозе таа се занимава со балет, манекенство, а од 16 години и со глума. Иако по потекло е од Јужноафриканска Република, таа има и германско и холандско потекло.
Во бројни филмови е запишано нејзиното име и важи за една од најуспешните актерки која е омилена на многумина.
Ја препознавате ли оваа млада дама?
Точниот одговор може да го пронајдете на следната страна...