Креативен серијал фотографии насловени „Мали валкани тајни“ (фото)
Оној кој навистина е талентиран, знае да пронајде убавина и уметност дури и во најголемото ѓубре. Фотографката Сара Росадо од Њујорк направила цела изложба и проект „Мали валкани тајни“.
Секогаш ја импресионирале фотографии во кои е искористена храната и природата или додавањето елементи, а со тоа создавање на сосем поинакви форми и нови значења на фотографиите.
Со таква инспирација, таа пронашла идеја во ѓубривото од земјата кое го искористила. Со додавање на некои реални предмети и додатоци кои треба да ја доловат идејата и со многу голема креативност и вештина за обликување на ѓубривото, таа успеала да направи вистински 3Д фотографии.
Секој кој ќе ја погледне изложбата може на свој начин да си ги толкува и поврзува фотографиите, а останува и предизвикот дека можеби некој ќе ги открие скриените валкани тајни на Сара.
Би можело да ве интересира:





