9 употреби на мајонезот за кои не би ви текнало

Додека јадете мајонез поради големото количество на маснотии тој не се препорачува во поголеми количини, но овој омилен додаток на сендвичите и салатите своето корисно лице го открива во бројните ситуации во домаќинството.

9-upotrebi-na-majonezot-za-koi-ne-bi-vi-teknalo

Освен тоа мајонезот може да замени и неколку производи од козметичката ташничка.

1. Гума за џвакање од косата лесно можете да отстраните со помош на мајонез. Заплетканиот чвор обилно намачкајте го со мајонез и оставете го 2-3 минути додека нејзиниот масен состав не продре до влакната, а потоа нежно со густ чешел отстранете ја гумата за џвакање.

2. Пред маникир прстите ставете ги во сад со мајонез, и така држете ги околу пет минути за да омекнат ноктите и кожата.

3. Дамки и шари од пастелни боици за сидовите, мајонезот ги отстранува за само пет минути. На секоја дамка нанесете мајонез во тенок слој, почекајте да постои па пребришете со сува и чиста крпа.

4. Налепници од метални, дрвени и пластични површини можете без видливо оштетување да отстраните со помош на мајонез. Постапката е едноставна, мајонезот треба обилно да се намачка преку налепницата при што маснотијата ќе го раствотри лепакот, а потоа е доволно со крпа да се помине преку површината.

5. Мајонезот успешно ја отстранува и ја одбива прашината од листовите на домашните растенија. Сувата крпа натопете ја со мајонез и пребришете го секој лист, на овој начин ќе постигнете сјај, а истовремено ќе спречите таложење на прашина на листовите, барем некое време.

6. Паразитите кои што живеат во косата, вошките и гнидите, може да се отстранат со обилно премачкување со мајонез. Пред спиење на темето нанесете мајонез и добро измасирајте,  косата покријте ја со капа за туширање, оставете ја така преку ноќ и наутро темелно измијте ја, а водената коса расчешлајте ја со густ чешел.

7. Дамките од чаши на дрвената маса ќе ги отстрани премачкувањето со мајонез.  Две до три лажици мајонез се нанесуваат на мека крпа или хартија за бришење и се премачкува местото на масата каде што се појавиле дамки. Лесно со прсти натапкајте и притиснете ја крпата на површината на масата. Оставете да делува 15 минути или подолго ако е потребно. Избришете го вишокот на мајонез и површината изгланцајте ја со крпата.

8. Мајонезот е хранлив за ноктите, а спречува и создавање на заноктици и го забрзува нивното зараснување. Барем три пати неделно на рацете нанесете мајонез, почекајте дури кожата не го впие, па рацете измијте ги со јаболков оцет за да се неутрализира мирисот на мајонез.

9. Пукнатините кои се создаваат на дрвениот мебел, не можат да се избегнат. За да се реши овој проблем, дупките исполнете ги со мајонез и оставете да постои најмалку два дена, а потоа исчистете ги со обична крпа. Комбинацијата на масло и протеини ќе ги нахрани и ќе го наполни дрвото па така ќе се затворат сите пукнатини. 

Би можело да ве интересира:

„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg