Прегратките се лековити

Нема некој што може да одолее на прегратката, да не ја почувствува топлината и убавото чувство на сигурност и задоволство, особено кога е тоа прегратка со драга личност.

pregratkite-se-lekoviti-01

Но, прегратките не само што се израз за љубов, пријателство и задоволство, туку можат да бидат и лековити.

Окситоцин е хормонот на среќа и врзување кој најмногу се излачува во текот на породувањето и доењето, а при прегратката расте неговото ниво. Истовремено кортизолот, хормонот на стресот, опаѓа.

Затоа прегратката е благотворна за поправање на расположението и го намалува стресот, а воедно го намалува и крвниот притисок и ризикот од срцеви заболувања.

pregratkite-se-lekoviti-1

Најголеми промени во нивото на окситоцинот се забележани при прегратката меѓу вљубените. Меѓутоа и пријателската прегратка има еднакво, но помалку моќно дејство.

Покрај тоа утврдено е дека окситоцинот има силни влијанија во заштитата на срцето кај жените.

Во други истражувања спроведени на скоро 60.000 луѓе во Австралија, научниците дошле до заклучок дека прегратката е благотворна за зајакнување на имунолошкиот систем и ја ублажува болката.

pregratkite-se-lekoviti-2

Инаку, прегратката е гест со кој се гради доверба и чувство на сигурност. Долготрајната прегратка го подигнува нивото на серотин, хормонот на среќа и го стимулира тимусот, жлезда која го регулира произведувањето бели крвни зрнца и на тој начин го зајакнува имунолошкиот систем.

Искрената прегратка не може да ви наштети, туку само да ве расположи. Искористете ја секоја можност да гушнете некого и да бидете посреќни.

pregratkite-se-lekoviti-3

Би можело да ве интересира:

На кој датум да ја накитите елката за да привлечете среќа во новата година (според верувањата)? Нема правила за тоа кога треба да ја накитите елката. Но, ако ги цените традиции...
8 типично машки работи кои и жените ги користат со задоволство Широки палта со многу џебови, едноставни машки маички... Знаете ли кои предмети ...
Фигури во форма на слон – Каде треба, а каде не треба да стојат во домот? Слоновите треба да бидат сместени во северниот дел од просторијата и секогаш да ...
15 фото-докази дека сè уште постои добрина во светот Во време кога почнуваме да ја губиме вербата во луѓето, се дистанцираме и станув...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...
Стари верувања дека некој „фрлил клетва“ на вашата куќа: Лоша среќа, наоѓање чудни предмети Во народот од колено на колено се пренесуваат разни верувања и суеверија. Кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg