10 луѓе кои ќе ве уверат дека никогаш не е доцна да успеете
Никогаш не е доцна да успеете во животот, особено ако имате вистински талент или идеја. За некои вистински вредни работи потребно е и повеќе време за да бидат забележани во светската историја.
Никогаш не треба да се откажувате заради годините, тие само ви го овозможуваат потребното искуство.
1. Чарлс Дарвин, својата теорија за еволуцијата ја објавил дури на 50 години.
2. Сер Алекс Фергусон е првиот кој освоил рекордни 13 титули во англискиот фудбал со тимот Манчестер Јунајтед , дури на 71 година.
3. Џон Пембертон ја измислил Кока-кола на 55 години.
4. Вивиен Вествуд ја имала првата ревија на 41 година.
5. Блаже Конески на 46 години станал прв претседател на МАНУ.
6. Михајло Пупин имал 41 година кога го измислил својот познат калем и овозможил телефонски сообраќај на поголеми далечини.
7. Рај Кроц го основал МекДоналдс на 52 години.
8. Никола Тесла последниот патент за вертикално полетување на авионите го поднел во 1928 година на 72 години.
9. Вера Ванг ја дизајнирала првата венчаница на 40 години, додека ја подготвувала својата венчавка.
10. Андреа Бочели се прославил со пеење опери на 34 години.