Запознајте го најмекото и најслаткото милениче во светот
Сите зајчиња се слатки, меки и бушави, но зајчето Ангора ја доби наградата за најмеко милениче во светот. На прв поглед личи на огромна волнена топка, дури и не можете да претпоставите дека е зајче.
Ангора зајчето оригинално потекнува од Турција и тоа е едно од најстарите видови домашни зајаци кои се познати по своето долго и сјајно волнено крзно.
Она што уште не се знае за сигурно е како тие гледаат со сета таа волна пред очите?
Ова зајче ја добило наградата за најслаткото и најмекото милениче во светот и секојдневно добива сè повеќе обожаватели.
Зајчињата како миленичиња се чувале најпрво во Франција, а подоцна и во Англија.
Кај нас стануваат тренд последните неколку години, но сепак немаат земено толку голем замав и не се толку вообичаени како кучињата и мачките.
Сепак, тоа се интересни мали животинчиња кои може да ви бидат одлично друштво, бидејќи се навистина дружељубиви, игриви и мили.
Сигурно ќе посакате да го гушнете!