Петте најскапи луксузни парфеми во светот
Парфемите настанале за да ја пренесат замислата, фантазијата и желбата, а најскапите примероци парфеми во светот ги задоволуваат и другите сетила, покрај самиот мирис. Шишенцата се така прецизно изработени од најскапиот кристал и од злато, што ја оправдува цената и од неколку стотини илјади долари.
Ви ги претставуваме петте најскапи парфеми во целиот свет:
1. Clive Christian’s Imperial Majesty Perfume – $215.000 долари
Најскапиот парфем на светот чини „само“ $215.000 долари за едно шишенце! Clive Christian’s Imperial Majesty Perfume има уникатен мирис кој е комбинација од јасмин, кардамом, каранфил, лимон, бергамот и бензион. Иако парфемот има исклучителен мирис, цената му е висока поради шишенцето кое е украсено со вистински дијамант. Произведени се само 20 шишенца од овој парфем, 10 за жени и 10 за мажи.
2. Hermes Perfume 24 Fabourg – $1.500 долари за 30 ml
Хермес го произвел овој парфем во 1995 година. Содржи иланг иланг, цвет од портокал, јасмин, ирис, ванила и амбер и сето тоа е само во 30 ml.
3. Annick Goutal Perfume EAU D’hadrien – $1.500 долари за 100 ml
Познатиот трговец со парфеми Annick Goutal го дизајнирал овој парфем со богат мирис, користејќи ја аромата на грејпфрут и лимон. Неговиот сладок мирис ги фасцинира сите луѓе околу вас.
4. Henri Alméras's Joy Perfume for Jean Patou – $800 долари за 30ml
Henri Alméras го креирал Јоу уште во 1929 година и оттогаш се смета за еден од најдобрите парфеми во светот. Јоу е цветен парфем кој настанал за време на кризата по падот на Wall Street и станал многу популарен и покрај високата цена.
5. Jar Perfumes The Bolt of Lightening – $765 долари за 30 ml
Познатиот дизајнер на накит, Joel A. Rosenthal го креирал Jar Perfumes и The Bolt of Lightning, силен и свеж парфем чијшто мирис го споредил со мирисот на воздухот после удар на гром.