Како храната може да се претвори во уметничка слика?
Она што го јадеме не мора само површно да го гледаме и да го конзумираме само колку да преживееме. Во храната, особено состојките кои ги употребуваме при подготовка на некој оброк, може многу вешто да се искористат за да добиеме уметнички уникатни слики.
Постојат уметници коишто некои сирови состојки ги користат како материјал за изработка на некоја слика, ги користат нивните бои и текстури.
Други пак, знаат да направат одлични професионални фотографии од храната кои можат да личат на ремек-дела.
Сè зависи од тоа како ќе ја искористите фантазијата и уметничката дарба за да си поиграте со храната и да ја овековечите пред да ја изедете.
Уште една придобивка од уметничкото конзумирање на храната е тоа што сигурно додека ја подготвувате или фотографирате ќе потрошите доволно време и калории, а при тоа, научно е докажано дека колку подолго и повеќе гледате во својот оброк, толку помалку ќе изедете.
Бидете креативни, задржете ја линијата и развијте ја фантазијата.