Трикови за полесно да донесете важна одлука

Поради секојдневните обврски и недостатокот на време, често сме принудени да донесуваме брзи одлуки, без да имаме можност за подобро да ги разгледаме деталите и впечатокот или последиците кои ќе настанат во нашиот живот после некоја избрзана одлука.

trikovi-za-polesno-da-donesete-vazna-odluka-01
Еве неколку фактори за кои би било добро да размислите и да се запрашате пред да донесете важна одлука:

Рационална перспектива

Кои се предностите и мааните на секоја од можностите кои ги имам на располагање? – Бидете искрени и реални.

Интуитивна перспектива

Што ми зборува интуицијата за секоја од понудените можности кои ги имам на располагање?

Влијание на односите

На кој начин ќе влијаат поединечните можности кои ми стојат на располагање врз луѓето околу мене, во приватниот и професионалниот живот? Кому ќе му се допадне тоа, а кому не? Колку ми се важни луѓето на кои можеби не би им се допаднала мојата одлука?

Основни вредности

Дали и колку можностите за кои размислувам се во согласност со моите основни вредности?

Духовна перспектива

Колку од поединечните можности за кои размислувам се во согласност со мојата животна мисија?

Временска перспектива

Морам ли да изберам една можност која ја имам на располагање во целост или можам да изберам само одделни аспекти од оние можности кои најмногу ми се допаѓаат, па дури подоцна да се одлучам целосно?

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата годин...
11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg