Подгответе: Слатки крушки во сочен сос
Есенските плодови се идеален начин да уживате во слаткиот вкус и зајакнувањето на имунитетот. Ако мислевте дека не постои десерт кој ќе ги спои овие две нешта, ви предлагаме да ги испробате овие слатки круши потопени во црвен и бел сос.
За 8-10 парчиња потребно ви е:
- 1kg круши
Сос за маринирање:
- Сок од 4 плодови цвекло
- Сок до 1 лимон
- 4 лажици мед
- Рендана кора од 1 портокал
- Арома ванила
- 1 лажица цимет
Бел прелив:
- ½ шолја индиски ореви
- 1 лименка кокосово млеко
- 2 лажици мед или јаворов сируп
- 2 лажици бурбон
Подготовка:
Во голем сад помешајте ги сите состојки од сосот за маринирање, а на крај додадете го сокот од цвеклото.
Крушките излупете ги и прелијте ги со сосот за маринирање. Оставете ги во стаклен сад во кој ќе бидат потполно потопени барем 24 часа.
По желба, по 24 часа може малку да ги потпечете за да добијат крцкава надворешност.
Сите состојки за белиот прелив измиксирајте ги во блендер, па прелијте ги крушките.
Послужете во комбинација со природен, незасладен чај. Уживајте!