Како тоа балерините никогаш немаат вртоглавици?

Благодарение на промената на структурата во мозокот, како последица на долгогодишното вежбање, балерините можат да изведуваат пируети во непрекината низа, а да не им се заврти во главата.

zosto-balerinite-nikogas-nemaat-vrtoglavici-01

Заради честото вртење, во мозокот на класичните балерини доаѓа до промена која ги поништува сите сигнали кои го предизвикуваат вртењето во главата, односно во внатрешното уво, се наведува во најновото проучување.

Кај поголем дел од луѓето брзото вртење предизвикува вртоглавица, заради флуидите кои го исполнуваат внатрешното уво кои продолжуваат да се вртат и по престанокот на физичкото поместување, речиси идентично како кафето по мешањето со лажичка.

Во истражувањето спроведено на оваа тематика и проучувањето на овој феномен, учествувале 29 класични балерини и 20 млади жени кои тренирале веслање.

zosto-balerinite-nikogas-nemaat-vrtoglavici-02

За време на тестот, секоја од нив се вртела во ротирачка столица, во потполна темница. Истражувачите пратејки ги рефлексите и проучувајќи го мозокот дошле до заклучок дека симптомите кај балерините траат многу пократко (околу 1-2 секунди) отколку кај другите девојки кои тренирале веслање.

„Затоа што на класичните балерини не им е "дозволено" да почувствуваат вртоглавица или губење на рамнотежата, мозокот по извесно време станува отпорен на вртењето и ротацијата на телото така што сигналите кои ги прима речиси ги игнорира. Затоа и балерините важат како единствената група која е отпорна на вртоглавици,“ објасниле научниците.

Би можело да ве интересира:

10 одвратни работи кои (речиси) сите луѓе ги прават На огледало во тоалетот одблиску си ги гледаат акните, црнките, брчките, ги стис...
7 вежби со кои ќе ги намалите брчките на лицето и ќе изгледате помладо Зајакнете ги мускулите на лицето со кревање лажица: Меѓу усните ставете лаж...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Како изгледаа музичките концерти кога немавме мобилни телефони? (фото) Во времето без мобилни телефони луѓето палеа запалки за да направат „ѕвездено не...
6 ресторани ширум светот во кои е речиси невозможно да резервирате маса - се чека и по неколку годин... Во мал ресторан во Бристол има само осум маси, а ако се јавите сега, ќе добиете ...
Активности кои го зголемуваат нивото на допамин (и ве прават посреќни) Вежбањето и медитацијата го поттикнуваат лачењето допамин, што пак позитивно се ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg