Есенски десерт: Торта од костен во 5 чекори
Со официјалниот почеток на есента започнаа подготовките во домот, па и во кујната. Еден од омилените есенски плодови - костенот, за прв пат ќе можете да го искористите на малку поиновативен и повкусен начин.
За сите љубители на оваа прекрасна есен прeпорачуваме едно колаче/торта кое пријатно ќе ве изненади:
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 500g засладено пире од костен
- 200g темно чоколадо
- 160g путер
- Лажичка цимет и рум
Подготовка:
1. На пареа растопете го чоколадото и путерот и оставете ги да се оладат на собна температура.
2. Изматете ги јајцата со миксер, додека не се претворат во пенаста смеса.
3. Миксирајте додека го додавате пирето од костен дел по дел, па кога сè заедно ќе се соедини, додајте го стопеното чоколадо со путер.
4. По желба додадете цимет и рум.
5. Смесата ставете ја во калап и печете 30 минути на 180 степени. Тортата треба да остане сочна од внатре, така што не ја печете повеќе.
Совет плус: Со тортата послужете засладена слатка павлака и неколку свежи боровинки. Одлично освежување!