Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да одгледате вистински џентлмен?

Кои се џентлмени? Тоа се мажите кои им отвораат врата на дамите, им помагаат на старите, непознатите, кои ве почитуваат вас и вашето мислење, ги штитат послабите.

kako-da-odgledate-vistinski-dzentlmen-01

Еве неколку совети како да одгледате вашиот син за да стане вистински џентлмен, момче за гордост, кое ќе биде културно, воспитано и со манири од кои сите ќе треба да учат.

Научете го да води, наместо да следи
Никој не сака неговото дете едноставно да оди со толпата без да размислува. Научете го дека треба да има свое мислење и да донесува сопствени одлуки. Така ќе научи да биде независен и полн со самодоверба.

Научете го дека е во ред понекогаш и да изгуби
Иако сакаме, сепак не можеме секогаш да бидеме победници. Затоа е важно да го подготвите детето и да го научите дека на поразот треба да гледа како на лекција од која треба да извлече поука. Во текот на созревањето ќе се соочи со ситуации кои не се секогаш по негова волја.

Научете го да почитува
Додека расте, вашиот син ќе сфати дека светот е полн со различности и дека секој има свое мислење кое треба да се почитува. Ставете му до знаење дека е во ред да се изрази сопственото мислење или несогласување со туѓото, но во некои ситуации мора да се почитува токму спротивното.

Научете го да биде благодарен
Кога разговарате со другите гледајте ги во очи, ракувајте се со нив, бидејќи иако не изгледа така, верувајте дека вашето дете ве следи и забележува сè. Бидете учтиви и заблагодарувајте се. Децата секогаш го копираат однесувањето на родителите. А тоа мора да го научи од вас.

Научете го да ја канализира енергијата
На сите им е потребен начин за искажување на своите емоции и енергијата. Дозволете му да се избори со проблемите и емоциите, а во текот на созревањето тој ќе сфати кој му е најдобар начин за да се изрази.

Помогнете му да сфати колку е важно секогаш да биде искрен
Објаснете му ја разликата помеѓу чување тајни кои не смеат да останат тајни, како тоа дека некое другарче е во опасност, некој го малтретира и слично, и оние кои се безопасни лаги кои можеби за некого се крупни, како тоа дека некој има симпатија.

Научете го да биде грижлив
Покажете му на вашиот син дека великодушноста не мора да биде поврзана само со пари и објаснете му дека има и други начини да се покаже. Ако некому му треба помош, секогаш треба да помогне колку што може, ако некое негово другарче изгуби нешто, советувајте го дека треба да помогне во барањето. Бидете креативни, но почнете од најмалите работи. По добро завршената работа наградете го и дозволете му да се почувствува задоволно и среќно, за да сака да го прави тоа почесто.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg