Како да не ви се лади кафето?
Секое утро станувате од спиење, варите кафе, го пиете полека додека читате вести, пораки или додека пребарувате на Фејсбук. И одеднаш, уште не сте стигнале да го испиете ни до пола, а веќе ви се изладило. Тоа не е баш пријатно, особено во постудените есенски и зимски денови.
Еве еден трик кој ќе ви помогне кафето да ви остане топло.
Пред да го ставите кафето, филџанот загрејте го со топла вода. Истурете го остатокот од топлата вода и потоа сипете го кафето во филџанот.
Во така загреаниот филџан, топлото кафе нема да има потреба да ја троши својата топлина за да го загрее филџанот и ќе остане топло многу подолго време.
Инаку, токму затоа во кафулињата, филџаните стојат на машината за еспресо, за да се греат.