Како да препознаете лажго?

Сите познаваме по некој лажго. Но, не секогаш се дружиме само со класичните лажговци. Понекогаш се наоѓаме во друштво на помалку или повеќе непознати меѓу кои не знаеме кој лаже, а кој ја зборува вистината. Честопати сакаме да дознаеме дали личноста што ни се допаѓа нè залажува или ни ја зборува вистината.

kako-da-prepoznaete-lazgo-01

Ако можете навреме да ги откриете лажговците, ќе ви биде многу полесно да се заштитите или одбраните.

Затоа внимавајте на овие знаци:

Забележување лаги на лицето или во очите

Забележете ги микро-експресиите на лицето на соговорникот. Секој на различен начин ги изразува своите реакции, но внимавајте во пределот на веѓите и брчките на челото, бидејќи кога некој ве лаже сигурно несвесно ги собира или ги разделува веѓите и прави брчки на челото по кои можете да забележите дека ве лаже.

Допирање на носот и покривање на устата

Луѓето кои кога лажат го допираат носот почесто од вообичаено тоа им се случува поради зголемениот адреналин во крвта низ капиларите кои им го надразнуваат носот, па имаат внатрешна несвесна потреба да го допираат носот почесто од нормалното. Лажговците имаат навика да ја покриваат устата додека зборуваат, сметајќи дека така ги покриваат лагите или нема да бидат доволно јасно сфатени.

Движења на очите

Забележете ги трепките. Лажговците трепкаат подолго и почесто кога ќе слушнат или видат нешто со кое тие не се согласуваат. Но ова може да трае кратко за да го забележите, затоа би требало да ја познавате личноста подолго за да може брзо да ги забележите разликите.

Забележете го и погледот

За разлика од претходно кога се мислеше дека луѓето кои гледаат на страна, лажат, работите се сменија, бидејќи научија да се контролираат. Сега е токму обратно. Оние кои се трудат да го задржат погледот право во вашите очи, всушност се оние кои сакаат да ве уверат дека „не лажат“, а оние кои гледаат на страна се тие кои размислуваат во врска со тоа што го зборуваат, опуштени се и не смислуваат лаги.

Проверете го дишењето

Личноста што лаже несвесно дише побрзо од вообичаено и со тоа побрзо ја суши устата, така што забележливо е и тоа како знак дека некој ви зборува лаги, со цел побрзо да каже. Со тоа си предизвикуваат одреден внатрешен стрес, кој ја забрзува работата на срцето и дишењето.

Забележете го гласот на личноста со која зборувате

Забележете дали личноста со која зборувате гласот ѝ трепери, дали зборува побрзо од вообичаено или можеби зборува побавно, но за тоа треба да ја познавате личноста многу подобро.

Забележете кога личноста повторува реченици

Оние кои смислуваат лаги секогаш имаат една-две реченици кои сметаат дека звучат најуверливо и постојано додека ви ја зборуваат лагата, ја повторуваат оваа реченица, со цел да ве уверат во спротивното, дека не лажат.

Поставувајте прашања

Оние кои ја зборуваат вистината во одговорите на прашањата ќе ви кажат уште повеќе детали за одредена ситуација или приказна, за разлика од оние кои лажат и одговараат кратко, повторувајќи ги веќе кажаните работи.

Побарајте да ја повтори приказната

Ако имате можност, за она што ви изгледа сомнително, побарајте да ви раскаже уште еднаш. Ќе забележите работи кои ќе ги испушти или измени. Тоа се лагите, бидејќи личноста несвесно се наоѓа во неочекувана ситуација, мислела дека само еднаш ќе треба да излаже и ќе заврши. А и да сака не може целосно доследно да ги повтори лагите, па ќе врти околу. За разлика од тоа ќе забележите дека вистинските факти ги кажува исто како претходно.

Замолчете

Штом насетите дека некој ве лаже, но не сте сигурни, помолчете. Оставете тишина која за оние кои лажат е непријатна. Тие сакаат да ве уверат во нивните лаги, па тишината прави да се чувствуваат непријатно. Ќе забележите дека тие што лажат, ќе продолжат да зборуваат и објаснуваат, само за да не остават простор за вашето размислување во тишината.

Би можело да ве интересира:

Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
15 фото-докази дека брадата е како шминка за мажите Ги крие несовршеностите на лицето и може целосно да го трансформира ликот – брад...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...
7 прашања со кои ќе откриете дали имате некоја токсична карактеристика Дали ги лажете другите за да добиете нешто што сакате? А, дали им љубоморите на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg