Рачно дизајнирани тапети
Ѕидовите треба да бидат израз на личниот стил на сопствениците, а внимателно одбран дизајн треба да го краси секој модерен дом.
Ова се неколку прекрасни тапети кои се комбинација на инспирација, искуство и талент во три преубави шаблони.
Креирани се од Абигејл Едвардс, а се произведуваат во една ретка традиционална печатница за тапети во Ланкшир.
Оригиналните илустрации имаат уникатни детали, подобрени со посебни методи на производство, а печатени се со рачно мешано водено мастило.
Абигејл Едвардс студирала уметност во Вимблдонскатата школа за уметност во Лондон и на „Екол дес Беаукс“ во Париз, така го собрала искуството во дизајнирањето ентериери, дизајни и декорации.
Нејзините изработки одат чекор понапред во дизајнот, експериментира со различни стилови и идеи.
Нејзините фантастични тапети вклучуваат морски пејзажи во летни и зимски верзии, бувови од сребро и злато и слично.