Луксузно бришење: Најскапата тоалетна хартија

Ако имате пари за фрлање, дозволете си една ролна Ханебишо, тоалетна хартија која чини од $13 до $17 долари и се смета за најскапа на светот. Дневно се произведуваат само 150 ролни од оваа луксузна хартија која има врвен дизајн и неверојатна мекост, како свила.

luksuzno-brisenjeg-najskapata-toaletna-hartija-01

Ханебишо хартијата се произведува во Јапонија, а причината за нејзината цена е тоа што се прави од најквалитетна целулоза увезена од Канада, а во процесот на производство се користи и вода од најчистата река во Јапонија, реката Џодо. Во изработката на оваа хартија се внимава на секој детаљ. Секоја ролна после изработката се праќа кај претсаедателот на компанијата, кој во изминатите 10 години лично ја тестирал секоја ролна.

Исто така, и самото пакување на Ханебишо хартијата е посебен процес. Секоја ролна се замотува во специјална скапоцена јапонска хартија Тоша и се става во украсна кутија која е рачна изработка на уметник од Кјото. Внатрешноста на секоја кутија е покриена со сребрена хартија. Како што напоменува официјалната веб-страница на компанијата, Ханебишо хартијата е најмеката и надобро дизајнираната тоалетна хартија во светот.

-Кога користите Хабнебишо хартија имате чувство дека вашата кожа е обвиена со свила – тоа е една од рекламните пораки на компанијата, која пред пет години му подарила луксузна тоалетна хартија на јапонскиот цар.

-Ако хартијата била добра за задникот на Неговото Височество, ќе биде добар и за вас – порачуваат од компанијата.

Покрај тоа, на веб-страницата на јапонската фирма стои и коментар на еден задоволен купувач

-На татко ми му купив ваква луксузна тоалетна хартија, како подарок за Денот на татковците. Бидејќи многу му се допаднаа и кутијата и хартијата, тој си ја стави како украс и ја чува во дневната соба.- напишал еден од купувачите.

luksuzno-brisenjeg-najskapata-toaletna-hartija-1

luksuzno-brisenjeg-najskapata-toaletna-hartija-5

luksuzno-brisenjeg-najskapata-toaletna-hartija-4

luksuzno-brisenjeg-najskapata-toaletna-hartija-3

luksuzno-brisenjeg-najskapata-toaletna-hartija-2

Би можело да ве интересира:

Необични детали од секојдневието во Јапонија што ги бунат туристите Тоалети во лифтовите во случај некој да биде заглавен поради земјотрес, но и ваг...
Брус Вилис и Деми Мур беа во брак – Настани кои се случија пред дури 35 години Пред 35 години, се емитуваше последната епизода од легендарната сапуница „Династ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg