8 вистински места од кои се инспирирани цртаните на Дизни

Како што секое уметничко дело мора да има муза и своја инспирација, така и аниматорите кои ги создаваат прекрасните цртани приказни имаат свои омилени локации чија магија сакаат да ја доловат.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-001

Овој пат аниматорите на Дизни се послужиле со неколку познати историски места, кои нацртани и пресликани изгледаат многу подобро.


1. Кралскиот замок на Заспаната убавица

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-01

Замокот на заспаната убавица кој се наоѓа во паркот Дизниленд во Анахеим, Калифорнија e уреден според познатиот Нојшванштајн замок, во областа Баварија, Германија, отворен во 1886 во чест на кралот Лудвиг II.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-02

2. Палатата на султанот од Аладин

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-03

Изграден од могулскиот имератор Шах Џахан, во спомен на неговата трета жена, Мумтаз Махал, музејот Таџ Махал е завршен во 1648 година и оттогаш претставува една од најценетите индиски градби и едно од новите светски чуда.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-04

3. Катедралата Нотр Дам, Богородичната црква во Париз

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-05

Изградена во 1345 година, Нотр Дам во Париз претставува една од најпознатите светски катедрали. Во 1831 година, Виктор Иго ја пресликал како дом на Квазимодо, грбавиот ѕвонар во неговата новела Богородичната црква во Париз.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-06

4. Рајските водопади во анимираниот Дизни 3Д филм, Горе од студиото за анимација Пиксар

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-07

Асоцирани од Ангелските водопади во националниот парк Канаима, Венецуела. Тие се најголемите непрекинати водопади во светот, со висина од 979 метри и длабочина од 807 метри. Режисерите на филмот Горе, ги посетиле вистинските водопади во Јужна Америка, за да можат веродостојно да ги претстават своите фиктивни анимирани водопади.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-08

5. Карпата на гордоста во Кралот лав

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-09

Не е точно мислењето дека оваа карпа е инспирирана од слична карпа во Серенгети, Кенија.

Карпата на гордоста била креирана од уметниците на Дизни во Бурбанк.

„...Во филмот, овој простор е направен според различни области од Кенија. Има неколку работи кои се додадени околу областа Самуру , но користевме различни облици за инспирација. Како и да е, многу луѓе сакаат да кажат дека карпата на гордоста е токму таа од Серенгети, Кенија.“ – Роџер Ален, ко-режисер на Кралот лав.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-10

6. Кралската палата во Танглeд

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-11

Според светата планина Мишел во Нормандија, Франција

„Идејата беше да се прикаже ренесансен замок на остров, сличен на тој на светата планина Мишел. Имитација на стариот француски галант стил на сликање (Фрагонрад), беше главната насока во остварување на идејата. Оттаму беше мојата почетна експресија, а потоа сè се случуваше како откривање и создавање на еден нов свет.“ – Лорен Бен-Мимоун, уметнички дизајнер во Дизни.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-12

7. Атлантик од Атлантис: Изгубената империја

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-13

Инспирирано според многу сличното место Ангкор во Сјем Реип, Камбоџа

Уметничкиот директор Дејвид Гоиц потврди дека најпрво ја разгледувале архитектурата на Маите, античкиот стил, различната и уникатна архитектура околу светот, но на режисерите најмногу им се допаднала архитектурата во Јужна Африка. Дон Хан, ко-режисерот на Атлантис, додаде: „Ако се обидете да ја реконструирате архитектурата од целиот свет во архитектонски вокабулар, ќе го добиете ликот на нашиот Атлантис.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-14

8. Селото на Бел во Убавицата и ѕверот

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-15

Инспирирано од малите селца во областа Алшаз во Франција.

Сликата подолу е од градот Риквир, Франција, искористен од аниматорот во Дизни за да го конструира малиот сиромашен провинциски град на убавата Бел.

8-vistinski-mesta-od-koi-se-inspirirani-dizni-crtanite-16

Би можело да ве интересира:

Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...
Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg