Џими Кимел: Да, да немате поим од мода!
Џими Кимел е во тек со сите настани, па затоа овој пат реши да ја искористи модната недела во Њујорк како негов најнов експеримент за тоа колку модниот врв е навистина упатен во светот на модата и луксузните дизајни.
За почеток, доволно е само да кажете некое име и да ги прашате посетителите што мислат за неговата колекција.
Тука веднаш започнуваат коментарите како: „Неговите креации имаат добра силуета“, „Немав време да го посетам неговото шоу“ или пак „Да,да, неверојатно е колку ми се допаѓа неговиот стил!“
А, што е најчудно, тој дизајнер сте го измислиле во моментот и неговата колекција воопшто не ни постои.
Еве како Џими Кимел успеа да ги надитри модните критичари овој пат: