Зошто женските пријателства се бесценети?
Жената која во животот нема барем една најдобра пријателка е сиромашна жена. Тоа многу мудри луѓе го знаат веќе одамна, а сега само се потврдува. За прв пат докажано е дека женското нераскинливо пријателство може да ви помогне дури и кога станува збор за сериозни болести.
Се прашувате во што се крие моќта на женските пријателства?
1. На вашите пријателки никогаш нема да им здосади ако ја слушаат едната иста приказна по стоти пат.
2. Тие се навикнати на вашите чудни звуци и навики кои ги испуштате кога сте ненаспани, изморени, гладни или пијани. На нив никогаш нема потреба да им се извинувате за такво нешто.
3. На пријателките можеш да им кажеш да те остават на мира барем 1 ден без да ти се налутат за тоа.
4. Во друштво на блиски пријателки нема потреба да глумите дека нешто ве интересира. Неверојатно ослободувачки е кога можете да кажете дека нешто не ве интересира, а другата страна да не ви се налути.
5. Пријателките се борат за вас. Вашите непријатели се и нивни непријатели и крај.
6. Вистинските пријателки без проблем ви купуваат тест за бременост додека вие сте во неопишлива драма!
7. Секогаш се на ваша страна кога се расправате со партнерот или било кој, независно за тоа колку ја сакаат таа личност.
8. Вашите пријатели ги разбираат и вашите најчудни особини и навики. Можеби некогаш се шегуваат на таа сметка, но секогаш внимаваат кога работата е посериозна.
9. Секоја жена има потреба од пријателка советничка. Таа е онаа пријателка која секогаш знае што ви е потребно, дури и кога вие самите не сте свесни за тоа.
10. Ве знаат и во најлошото можно издание, но тоа не е никаков проблем. Бакнувањето на погрешен маж или незгодата во дискотеката никогаш нема да ги натера да ве остават сами.