Помалку лажете, ќе бидете поздрави!
Неодамнешните испитувања покажале дека лажењето му штети на здравјето, а воедно ни го прави животот постресен. Затоа, време е за промени.
Колку помалку лажеме, толку ќе бидеме поздрави и нема да бидеме под стрес, велат резултатите на најновите истражувања. Студијата која е работена на Универзитетот Нотр Дам во САД, покажала дека просечниот американец лаже 11 пати на ден, најчесто за да се „извади“ од некои непријатни ситуации.
Истовремено, истражувањето покажало дека оние што поретко лажат поубаво се чувствуваат и помалку се склони кон здравствени проблеми.
Истражувачите од испитаниците барале да не лажат цели 10 недели за да можат да следат како се менува нивното здравје. Настинките и кашлицата речиси ги снемало за време на студијата, а нивото на стрес било значително пониско.
Водечкиот научник Анита Кели напоменува, следниот пат кога ќе имате можност да излажете за некоја ситница, немојте тоа да го правите, кажете ја вистината. Вашето здравје ќе ви биде благодарно за тоа.