5 неверојатни изуми кои ги измислиле жените
Кога станува збор за изуми кои го промениле и одбележале развојот, прво што ни паѓа на памет се машките имиња како Никола Тесла, Леонардо Да Винчи и многу други. Но, што е со жените кои со својата напорна работа го одбележале минатото?
Ако не може да ви текне на ниту една жена која зад себе оставила супер изум, ова се најважните 5 кои мора да ги запаметите.
1. Мери Андерсон во далечната 1903 година се сетила дека бришачите за автомобилот би биле неверојатно корисни. Шипката со гумен додаток го презентирала само една година подоцна. Иако нејзината идеја е усовршена неколку десетици години подоцна, овој изум е резултат на женската практична глава.
2. Елизабет Меги е главна и одговорна за една од најпопуларните друштвени игри на сите времиња. Оваа игра оригинално се нарекувала “The Landlord's Game” и измислена е, односно патентирана во 1903 година.
3. Унгарката Мариа Телкес е одговорна за првиот систем за греење на соларна енергија. Во 1925 година се преселила во Америка и се бавела со ваквиот проект кој во 1940 година бил конечно реализиран во голем број на домови. Во ова и помогнала и уште една успешна жена архитект Елеанор Рејмонд.
4. Иако со сигурност можеме да потврдиме дека пивото е машки пијалак, сепак податоците за неговиот настанок го тврдат спротивното. Пред цели 7000 години во Месопотамија жените биле задолжени за производство на пивото, затоа што се смета дека и жена го осмислила. Тоа била вештина која ја извршувале само жените, па тогаш пивото се сметало за божји дар.
5. Верувале или не, заштитниот панцир е изум на жена. Нејзиното име е Стефани Кволек, а својот изум го патентирала во 1966 година. Но, тоа не е единственото нешто што измислила. Во богатата, долга кариера од 40 години оваа женска глава патентирала повеќе од 40 различни изуми.