Каде живеат најмногу милионери?

Иако повеќето на прашањето каде во светот живеат најмногу милионери, би одговориле Њујорк, Лондон или Монако, состојбата е многу поинаква. Најновото истражување на лондонската независна компанија Велт Инсајд покажало дека престолнината на денешните богаташи, сепак е Токио.

kade-ziveat-najmnogu-milioneri

Новата студија на оваа лондонска независна истражувачка компанија покажала дека Токио го презема приматот на листата градови со најмногу жители чиј имот поминува милион долари. Во таа пресметка не се вбројува вредноста на куќите во кои што живеат богаташите.

По нивните податоци во Токио живеат дури 461.000 милионери. Потоа следи Њујорк со 389.000, потоа Лондон со 281.000, Париз со 219.000 и Франкфурт со 217.000 имотни граѓани.

„Најголемата причина поради која Токио е на тронот на листата е густата населеност“, изјавил Андреј Амоилс, одговорниот за студијата.

Додека богаташите во Америка се раштркани по бројните градови, во Јапонија популацијата на милионери е концентрирана во главниот град.

Во прилог на ова зборува и податокот дека една петтина од јапонските милионери живеат во Токио, додека во Њујорк живеат само пет проценти од сите американски милионери.

Би можело да ве интересира:

Места ширум светот со најмногу рестрикции за посетители (забранети се и за најмоќните лидери) Капелата во којашто се верува дека се наоѓа ковчегот со 10-те божји заповеди е в...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Во Франција има 42.986 - Земји со најмногу кружни текови во светот Со скоро 43.000, Франција е на врвот на листата на 5 земји со најмногу кружни те...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg