Подготвени ли сте да живеете сами?
Најчесто главната причина зошто најголем број млади кај нас сè уште живеат со своите родители е финансиската нестабилност.
Пред да одлетате од домот на родителите постојат 4 прашања кои треба да си ги поставите:
1. Имам ли доволно пари за да ги покријам трошоците и во најлошо сценарио?
Важно е однапред да планирате. Дали имате стабилен прилив на средства, дали ќе можете да ги покривате основните трошоци? Пробајте да се осигурате дека имате заштеда на страна која може да ви послужи за итни случаи.
2. Знаете ли колку ќе ве чини?
Израчунајте точно колку ќе трошите на кирија, сметки, храна и останати трошоци кои можеби не ги забележувате додека живеете со родителите. Најдобро е да поразговарате со нив за да ви посочат на што да внимавате.
3. Дали сте подготвени на дисциплина?
Некои задоволства најверојатно ќе треба да си ги скратите. Можеби наместо излегување во петок навечер, подобро ќе биде да си останете во домашна атмосфера и да заштедите некој денар. Или, за почеток да научите да си зготвите основни оброци.
4. Можете ли да кажете „не“ на своите желби:
Оние кои практикуваат одложено задоволување на потребите имаат поголема шанса да успеат во животот. Тоа ќе ви помогне да станете трпеливи и да се запрашате дали нешто навистина ви е потребно во моментот или може да почекате попусти, а и евентуално да најдете и поевтина алтернатива. Понекогаш едноставно ќе мора да кажете „не“ особено кога нема да имате соодветен буџет.