15 интересни факти за кучињата
Во светот постојат стотици раси на кучиња и уште толку нивни мешавини. За некои тие се најмилите суштества, но и најфасцинантните воедно. Дознајте зошто...
1. Њуфаундлендите имаат водоотпорно крзно и пливачка кожа на нозете. Оваа раса е создадена заради помошта која им ја нудат на рибарите и за спасување на луѓето од давење.
2. Три кутриња го преживеале потопувањето на Титаник.
3. Младите кутриња имаат 28 заби, а возрасните 42.
4. Кучињата го бркаат својот опаш од многу причини: радозналост, вежба, болест, инстинкт на ловење или затоа што имаат болви.
5. Младите далматинци се потполно бели кога се раѓаат, а дури неколку недели подоцна се појавуваат нивните црни дамки, по кои се препознатливи.
6. Кучињата може да сонуваат во РЕМ фазата, а тогаш најчесто ги помрднуваат шепите и го стресуваат телото, но и понатаму спијат.
7. Кучешките очи имаат посебен вид мембрана која им овозможува да гледаат во мрак.
8. Кај големите раси срцето чука измеѓу 60 и 100 пати во минута, а кај малите раси од 100 до 140 отчукувања во минута.
9. Истражувањата покажале дека 72% од сопствениците на било која раса куче, веруваат дека нивниот миленик може да превиди олуја.
10. Нормалната кучешка температура на телото е помеѓу 38 и 39 степени.
11. Кучињата се потат преку перничињата на шепите.
12. Имаат тенок слој на слуз на носот кој им помага да ги впијат мирисите. Кога ќе го лижнат носот, го чувствуваат мирисот преку устата.
13. Мит е дека кучињата гледаат само црно-бело. Всушност, тие гледаат сини нијанси, зеленкасто-жолти и неколку сиви нијанси.
14. Чау Чау расата е позната по плавите јазици, но тие се раѓаат со нормален розов како и сите останати. По 8 до 10 недели нивниот јазик поплавува.
15. Кутрињата се склопуваат кога спијат заради инстинктот кој потекнува од минатото, кога така спиеле за да ја одржат топлината на телото и да ги заштитат виталните органи.