Рај на приватен остров во Камбоџа
Камбоџа е позната по кристално чистото море кое ја опкружува, како и по древните храмови и волшебната архитектура. Но, како самостојна туристичка дестинација, Камбоџа стана популарна неодамна. Од тогаш, секојдневно почнуваат на никнуваат хотели од сите категории, а посебно интересни и луксузни како хотелот Сонг Саа.
Сместен е на два приватни острови, Кох Оуен и Кох Бонх, поврзани со пешачки мост и не припаѓа на ниту еден хотелски ланец. Составен е од 27 вили кои се поделени на три категории, а секоја од нив е изградена исклучиво од природни материјали.
Хотелот нуди и два ресторани и еден бар каде може да се дегустираат јадења со светски стандард. Виста барот и ресторан нуди современа локална кујна, додека Дрифтвуд барот нуди луксузни специјалитети.
Како и кај секој луксузен хотел и овој располага со голем број на внатрешни и надворешни базени, сауни, соби за масажа и луксузни третмани за убавина, прекрасен поглед и најлуксузно опремен ентериер.