Како да го олесните престојот на плажа со деца?
Ако оваа година за прв пат одите со детенце на одмор, веруваме дека сте свесни за големите промени и ритуали кои ќе треба да ги вметнете во секојдневието.
Излежувањето ќе мора да го замените со градење песочни замоци, омилениот летен роман ќе го замените со сликовници и приказни, а од коктелите малку ќе паузирате. Сепак, родителството е прекрасно искуство.
За да не се плашите дали ќе се снајдете, ви нудиме неколку едноставни и корисни совети за првото семејно летување.
Одберете ја идеалната плажа - Критериумите за избор на плажа овој пат ќе бидат многу поразлични. Секогаш избирајте плажи со многу дечиња и родители, а не кафулиња и гужви. Младите родители само може да ви бидат добро друштво и пример, а не пречка. Кога станува збор за изгледот на плажата, песочните плажи за мали дечиња се секогаш попрактични од оние со камчиња, па затоа престојот ќе ви биде олеснет. Таму водата е и поплитка, па детските игри во вода се поинтересни.
Подгответе неонски бои - Бебињата изгледаат преслатко во весели бои и дезени, па затоа одбирајте такви костими за капење. Полесно ќе го следите каде се движи, а и голотијата од мали нозе не е неопходна.
Резервирајте сместување во близина на морето - Обидете се да најдете апартман или хотел кој е близу до плажата. Без оглед на тоа колку добро сте го организирале одењето и враќањето, тие може да се повторат уште безброј пати, заради непредвидени ситуации.
Ефикасна заштита од сонце - Намачкајте ги дечињата со крема и пред да ја напуштите собата. Трудете се да си го олесните престојот и бидете одговорен родител. Мачкајте ја детската кожа најмалку еднаш во два часа и задолжително по секое излегување од вода.
Одете порано на плажа - Избегнувајте го одењето до плажа по 10 часот. И онака ќе станувате рано, па зошто да не го одберете местото кое најмногу ќе ви одговара?
Подгответе една торба со играчки - Подгответе голема торба со пластични и гумени играчки ако сте во потрага по забава на плажа. Овозможете му квалитетен и активен ден на најмладиот член, наместо да се досадува.
Понесете храна и пијалаци - Наоружајте се со сите омилени грицки, сендвичи и сокчиња. Вечерта подгответе ги и оставете ги добро да се оладат. Наутро само сместете ги во подвижно фрижидерче или изолирана торбичка и уживајте во освежителните намирници.
Гумените сандали се задолжителни и за детето, но и за вас - Обидете се да набавите по еден пар уште пред поаѓањето на одмор. Без разлика каква плажа ќе одберете, секогаш може да се случат незгоди. Заштитете го детенцето од жешкиот песок, срчите на плажа или големите камчиња во вода. Не дозволувајте било каква незгода да го попречи денот создаден за уживање.
Понесете фото апарат - Фотографиите од летувањата се најдрагите спомени кои ќе ги зачувате. Сепак, на плажа избегнете ги скапите телефони и апарати, а најдобри се подводните апарати за една употреба.
Обезбедете капи, шешири, очила за сонце, лесни наметки... - Капчињата се задолжителни, исто како и квалитетните очила за сонце. Не заборавајте дека детската кожа ќе мора постојано да е заштитена, па секогаш во торбата имајте една лесна маичка или женско фустанче кои ќе ги искористите кога ќе ви бидат најнеопходни.
Заборавете ја детската количка - Песокот и детската количка со тркалца се неспоиви. Многу подобар избор е транспортерот кој се врзува за вас.
Навикнете се за толерирате жежок песок - Подгответе се за непријатни жешки камчиња или ситен песок. Детето не може да сфати зошто не сакате песок на вашата лежалка. Него секогаш ќе му биде интересно да ве полни со песок, па колку побргу отрпнете, толку подобро ќе се забавувате.
Подгответе се за поаѓање уште од вечерта - Мрзеливоста и утринското излежување не одат во комбинација со раното пристигнување на плажа. Но, ако се подготвите уште од вечерта, кога детето ќе заспие, многу полесно ќе го дочекате утрото. Во рачната торба секогаш имајте јадење, резервен костим за капење, гумени и пластични реквизити, многу сокчиња и пластични кеси. Не заборавајте ги ситните пари, бидејќи секако ќе налетате на сокче или сладолед на кој вашето дете нема да му одолее.
Проверете ги реакциите на вашето дете - Голем број дечиња или бебиња имаат помала толеранција на жежок песок, за разлика од некои. Тестирајте ги неговите реакции и издржливост за да бидете подготвени.