Мобилниот телефон кој го користите го открива вашиот карактер
Неодамна беше спроведено истражување кое според вашиот мобилен телефон го открива вашиот карактер и личните карактеристики, како и занимањето.
Истражувањето покажа дека сопствениците на Ајфон патуваат повеќе отколку другите и трошат повеќе пари на облека отколку корисниците на Блекбери и Андроид мобилни телефони.
Личностите кои користат Ајфон се сметаат на незапирливи, попаметни и најверојатно работат во медиуми, издавачки куќи или образование.
Се верува дека шефовите ги ценат повеќе, повеќе патуваат и се многу активни на друштвените мрежи.
Корисниците на Блекбери мобилни телефони заработуваат најмногу и имаат повеќе пријатели од корисниците на Андроид и Ајфон.
Сопствениците на Блекбери имаат долги врски, додека сопствениците на Андроид телефони имаат подобри манири и вешти се во кујната.
Корисниците на Андроид телефони најчесто се инженери, членови во владата и државните служби, или работат во служба за заштита на животната средина.
Сопствениците на Андроид телефони гледаат телевизија многу повеќе и пијат над неделниот просек.