5 двојки кои ја пронајдоа љубовта онлајн
Не верувате во љубов на далечина, во онлајн запознавања и врски кои се одржуваат на истиот начин?
Овие неколку онлајн заљубувања ќе ви ја докажат нежната страна на социјалните мрежи
1. Flickr
За Софи љубовната приказна на Flickr започнала сосема вообичаено. Пораки, па мејлови, па неколку часа дневно поминати на Скајп.
„Се претворив во невротична личност која остануваше будна до 5 часот наутро само за да зборува со момчето кое случајно го запозна.“
Бидејќи Софи е од Англија, а Патрик е од Орегон, тие контактирале онлајн цели 18 месеци, а кога Софи конечно долетала кај него, тој ја побарал за жена.
2. Tumblr
Кејти го разгледувала својот профил на оваа мрежа и ги прегледувала своите следбеници, кога го здогледала профилот на Теди.
„Изгледаше навистина слатко и ги обожавав неговите постови, па му пратив порака.“
Тие се забавувале цели 6 месеци пред официјално да се запознаат. Теди моментално живее во Луизијана, а Кејти оди во училиште во Њујорк.
Откако ќе завршат средно училиште, уште од сега планираат дека ќе се преселат во ист град.
3. Twitter
Репортерката Џејми ја пронајде својата љубов на Твитер само по едно ретвитање.
Брајан, нејзиното сегашно момче вели: „Ги разгледував нејзините твитови и инстантно добив желба да бидам со неа. Ја засакав личноста која ја видов на Твитер. Не е ни чудо, многу може да научите за еден човек според неговиот онлајн профил.“
Од минатата година овој пар живее заедно во Њујорк.
4. Facebook
Мека и Антони биле долго време Фејсбук пријатели, пред Мека да постира за нејзиниот љубовен живот, а Антони го заинтересирала таа тема. Тие започнале да контактираат преку Фејсбук пораки, а потоа размениле и телефонски броеви.
Часовите минати на телефонон не се добројуваат, вели овој пат.
„Кога решив да го посетам, му пишував додека бев во воз. Ме пречека и конечно се запознавме! Тоа беше љубов на прв поглед и за двајцата.“
5. Instagram
Тејлор за прв пат започнала да го следи Сантијаго на Инстаграм кога видела негова фотографија на некој забавен сајт.
Неколку месеци подоцна, токму таа победила на некој предизвик поставен од страна на Сантијаго, па победата се претворила во неколку часовни разговори.
Денес тие живеат во различни градови, Тејлор е во Колорадо, а Сантијаго во Мексико, но сепак успеваат да ја одржат врската веќе 7 месеци.