Ентериер во килибарни и сончеви нијанси
Портокаловата боја најдобро ја отвора црната и сивата, а одлично се вклопува и со белата. Се прелива од боја на килибар, тиква, па сè до корална и портокалова боја. Користете ја како дополнително освежуавње на домот!
Класика
Класичната витрина ќе добие нов изглед со еден едноставен трик. Позадината изведете ја во прекрасната боја на килибар. Вашата витрина ќе блесне. Дополнително осветлете ја нејзината внатрешност за подобар ефект.
Модерно
Црната висечка комода преслечете ја во плиш, или штоф. Одберете го материјалот и сè попоуларната техника за обложување на вратичките на ормарите со ткаенина. Со црната боја одлично се сложува бојата на мандарина, или корал. Одберете нагласен дезен.
Полици
Со комбинација на портокалова, црна и бела боја формирајте интересна игра на ѕидот. Искористете го црно-белиот тапет и конзолните полици за интересен изглед. Веселата атмосфера сигурно ќе ви се допадне.
Совет плус
За инстант декорирање на домот употребете нагласен тепих. Ќе направите потполно нов изглед на домот.
Црна кујна
Ако сакате кујната со црна боја да ја освежите, префарбајте еден дел од висечките елементи во портокалова боја. Тоа ќе биде впечатлив детал и ќе формира сосема нова слика на вашата кујна.
Едноставно
Најубавиот дизајн лежи во едноставноста и постигнувањето на рамнотежа во амбиентот. Обоените кругови на подните плочки се сосема доволен детал за купатилото да добие елегантен сјај.