Најтивката соба во светот - си ја слушате работата на телото
Понекогаш е потребно малку мир и тишина за да се одморите од брзото темпо. Но и премногу тишина може негативно да делува, дури може да направи да халуцинирате. Дали можете да замислите средина каде што е толку тивко што почнувате да си го слушате срцето и работењето на органите?
Оваа соба се наоѓа во Минесота, а е изградена бидејќи авторот бил фасциниран од идејата за најтивка соба. Таму е толку тивко што ракоплескањето звучи чудно, бидејќи не можете да слушнете рефлектиран звук. Нивото на звук е толку ниско што достигнува до -9 децибели за разлика од една просечна тивка соба која има 30.
Оваа соба важи за најтивка во светот и е влезена во книгата за Гинисови рекорди.
Овој ефект се постигнува бидејќи ѕидовите, подот и таванот го апсорбираат звукот, наместо да го рефлектираат, како што прават сите површини. Нема ехо и е толку тивко што ја слушате работата на сопственото тело.
Звучи примамливо и сигурно ќе посакате да се одморите во некоја ваква соба, но ситуацијата во реалноста е спротивна. Најдолгиот период кој некој останал во таа соба е 45 минути затоа што таквата тишина може потполно да излуди човек.