Што не знаевте за сладоледот?
Тврдите дека омилено разладување на летните горештини ви е сладоледот? Но, има нешто што сигурно не сте го знаеле, и покрај тоа што секојдневно уживате во неговиот вкус.
Што повеќе го јадеме, толку помалку уживаме во него
Истражувањата покажале дека има големи шанси да се развие зависност од сладоледот, па затоа оние кои почесто јадат сладолед, сè поретко уживаат во неговиот вкус, поточно чувствата кои се јавуваат како последица на задоволство се многу поретки и послаби.
Сладоледот со помалку калории не е поздрав
Сладоледот со етикетата light има околу 50 проценти помалку калории од обичниот сладолед, но тоа не значи дека треба да го јадете количински двојно повеќе. Споредете го целиот состав, вклучувајќи го шеќерот, холестеролот, мастите и јаглехидратите.
Може да предизвика главоболка
Штета е што нешто толку освежувачко и вкусно предизвикува силна болка. Таа се јавува заради тоа што непцето доаѓа во контакт со нешто ледено и при тоа доаѓа до проширување на крвните жили и се намалува дотокот на крв во мозокот.
За домашниот сладолед најдобро е да користите сол
Голем број на луѓе кои штотуку започнале да подготвуваат домашен сладолед не го знаат овој стар трик. Додајте малку сол во калапот за сладолед, бидејќи на тој начин побрзо ќе се олади и побрзо ќе биде подготвен за консумирање.
Сладоледот најбрзо се топи кога времето е топло и ветровито
Сите знаеме дека овој леден десерт се топи кога температурите се високи, но ретко кој знае дека ветровитото време му делува подеднакво кога се работи за топење. Исто така, големата влажност на воздухот придонесува за побрзо растопување.
Замрзнатиот јогурт е исто така здрав
За подготовка на сладолед нема да погрешите ако користите замрзнат јогурт, само ќе го направите поздрав овој десерт. Иако јогуртот е замрзнат, помага во варењето и ја олеснува подуеноста на стомакот. Затоа, одлично би било да ставите неколку голтки јогурт, наместо млеко.