Актуелен тренд: Типографија во ентериерот
Типографијата е техника која се бави со облици и организации на букви, бројки и знакови, а сè попопуларна станува на ѕидовите во домовите.
Одлична декорација е за на полиците, перничињата, ѕидовите и каде и да посакате. Баз оглед дали се работи за стилизирани букви или цела реченица, типографијата на ѕидовите нема да помине незабележано.
Секогаш одбирајте букви и бројки со необичен фонт, во интересни бои кои доаѓаат со израз. Убавината на типографијата се крие во можноста за обликување на буквите.
Буквите и бројките со чисти линии се одлични за создавање на модерен ентериер, додека искривените и стилизирани букви се одлични за удобен и топол дом.
Ова се неколку идеи како разиграните бројки и букви да ги внесете во вашето секојдневие.