Препорачуваме: Книги за љубители на патувањата
Велат дека патувањето е книга, а оние кои не патуваат ги читаат само првите страни. Доколку сте авантурист, кој со душа чека да го спакува куферот и да замине на нова дестинација, ова се книгите кои мора да ги прочитате:
1. Пат околу светот за 80 дена - Жил Верн (1872)
Во 1972 Филеас Фог се обложува во своето богатство дека е можно да се заобиколи светот во 80 дена. Почнува од Лондон и по пат ги посетува Египет, Индија, Хонг Конг, Јапонија и САД. На патувањето има многу авантури, но дефинитивно најинтересна е основната - трката со времето.
2. Под тосканското сонце: Дома во Италија - Франсес Мејес (1996)
Средовечна жена заедно со нејзиниот партнер купува разрушена куќа во Тоскана во центарот на Италија. Во делото се опишани сите етапи на животот со постојани реновирања, начинот на јадење, купувањето, тамошните традиции и навики. Описот на Италија е толку сликовит што навистина ќе ве натера да сакате да одете таму, затоа ако не ви се патува оставете ја книгата на страна.
3. Јади, моли се, сакај - Елизабет Гилберт (2006)
Бестселерот според кој е направена филмската адаптација со Џулија Робертс во главната улога. Се работи за разочарана разведена жена која тргнува на пат да се пронајде себе си. Во Италија таа го заздравува своето тело, во Индија својот дух ,а во Индонезија срцето. Се' во оваа книга е впечатливо, јадењата, активностите, локациите...вистинско уживање за сите авантуристи.
4. Сенка на ветрот – Карлос Руиз Зафон (2001)
Младо момче кој е син на трговец со антикварни книги, тагува за својата мајка и утеха пронаоѓа во мистериозната книга „Сенката на Ветерот“. Сакајќи да дознае повеќе за авторот се вовлекува во мистериозна авантура која за малку ќе го чини неговиот живот. Дејствието се одвива во Барселона, а книгата е така вешто напишана што ќе посакате да се најдете во слична авантура во градот на Гауди.
5. Мемоарите на една гејша - Артур Голд (1997)
Оваа книга може многу да ве залаже. Сигурно нема да очекувате приказна за мало девојче кое е продадено од нејзините родители и отпочнува живот како гејша. Шарените описи на кимоната, интригантната речиси смирувачка култура на Јапонија ќе ве натера да посакате во истиот момент да ја посетите оваа земја.