Алтернативна употреба на коцките мраз

Освен тоа што мразот не освежува во летните денови, тој може да се употреби и на многу други начини. Не гледајте на него како задолжителен додаток во секој пијалак, гледајте на него како повеќе наменски производ кој може да помогне во најразлични ситуации.

alternativna-upotreba-na-mrazot-01

1. Ставете мраз во вдлабнатините на тепихот. Кога ќе се стопи, избришете ја водата со крпа и вдлабнатината ќе ја нема повеќе.

2. Кога треба да пеглате некоја кошула земете некое парче ткаенина во кое ќе има мраз, истријте ја кошулата со него, па потоа испеглајте.

3. Намачкајте го местото каде што треба да се боцкате со игла, за да го направите тој процес помалку болен.

4. Ако нанесете мраз на плускавец може да послужи како превентива болното место да не прерасне во рана.

5. Додајте коцки мраз во водата што ја пие вашето милениче за да го освежите. Направете го ова само ако знаете дека може да толерира ладна вода.

6. Ако сакате да направите сос за салата, ставете ги вашите намирници заедно со неколку коцки мраз во пластичен сад, изблендирајте ги и посакуваниот производ е готов.

7.Сосовите од јајца можат брзо да се згрутчат, но за да го спречите ова ставете коцка мраз.

8. Топлењето на ориз во микробранова печка го прави посув и крцкав. За да го спречите ова додајте коцка мраз на врвот на оризот и тоа ќе му ја даде потребната влага.

9. За да ги отстраните мастиките за џвакање од ткаенина или од коса доволно е да истриете коцка мраз што ќе ја направи мастиката потврда и ќе биде полесно да се отстрани.

10. Кога ќе ги отстранувате непосакуваните влакна на веѓите оладете го местото со мраз. Студот ќе дејствува како привремена анестезија, па така процесот ќе биде помалку болен, ќе дејствува антивоспалително и ќе го спречи црвенилото.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg