Совети за квалитетен и среќен живот
За времето кое изминало не треба да жалите, бидејќи не можете да го вратите, но сите можеме да напишеме поубаво животно сценарио ако ги прифатиме и промениме некои работи - веднаш.
За почеток, исфрлете ги негативните личности од животот, престанете да бегате од проблемите и бидете благодарни на она што го имате.
Еве уште неколку идеи за подобар и квалитетен живот...
Престанете да минувате време со погрешни луѓе. Животот е прекраток за да го поминуваат со луѓе кои ви ја црпат енергијата. Ако некој ве сака во животот, ќе направи место, нема потреба да се борите за тоа. Пријателството не е работа за која треба да инсистирате.
Престанете да бегате од проблемите. Најдобро би било да се соочите со нив. Прифатете дека некогаш ќе се вознемирите, некогаш ќе бидете повредени, слаби, дека има можност да се сопнете и да паднете.
Своите потреби ставете ги на прво место. Често пати се случува некој да сакаме толку силно, што сакаме да му угодуваме, па понекогаш и да се прегазиме себеси и своите потреби. Забораваме дека и ние сме посебни. Затоа, следен пат кога ќе се ставите во таква ситуација, секогаш размислувајте и за себе.
Не бидете нешто што не сте. Еден од најголемите предизвици на денешницата е да се пронајдете и да бидете она што сте, посебно кога сите имаат визии како би требало да изгледаат, зборуваат или да се однесуваат. Некој секогаш ќе биде поубав, позабавен и попаметен. Не се менувајте само за некој да ве засака.
Заборавете го минатото. Не можете да продолжите понатаму ако секогаш во мислите го преживувате минатото.
Не се плашете од грешки. Секој успех следува по низа неуспеси. Подобро е да се обидете и да не успеете, отколку засекогаш да жалите по пропуштената шанса.
Не ја купувајте среќата. Многу нешта кои ги посакуваме се скапи, но среќата лежи некаде на друго место – во насмевките, прегратките, во страстите кои ги имаме и во хобито кое го обожавате.
Престанете да размислувате дека не сте подготвени. Размислете ги ситуациите и соочете се, донесете одлука. Имајте на ум дека секој напредок вклучува ризик.
Престанете да се натпреварувате. Не се мерете со способностите на другите, туку секојдневно обидувајте се да го срушите личниот рекорд.
Не бидете љубоморни на никој и ништо. Љубомората е голема зависност. Наместо да се оптоварувате со она што другите го имаат, а вие не, топката свртете ја малку обратно. На лист хартија запишете сè што вие поседувате, а другите го немаат. Ќе сфатите дека сте побогати отколку што мислевте.
Престанете да се жалите и сожалувате. Животот понекогаш ве наведува во правец во кој не сакате да одите. Можеби нема да разберете зошто сте таму, но животот ќе ве однесе до нови и подобри луѓе, места и ситуации. Насмевнете се, бидејќи утре ќе се чувствувате подобро од вчера.
Не трошете го времето објаснувајќи ги своите постапки. На вашите пријатели тоа не им е потребно, а непријателите и онака нема да поверуваат.
Не се трудете да бидете совршени. Во реалниот свет не се наградени перфекционистите, туку луѓето кои ги завршуваат работите на време.
Престанете да глумите дека сè е во ред, ако не е. Не треба да се докажувате дека сте силни и постојано да ги потиснувате чувствата. Кога - тогаш ќе испливаат на виделина.
Не ги кривите другите за ваши грешки. Преземете ја одговорноста за вашиот живот.
Грижете се помалку. Запрашајте се дали она за што се грижите ќе вреди за две или три години.
Не се грижете за работите кои можеби ќе се случат. Уживајте во она што сакате да случи. Наутро будете се со мислата дека она што го сакате ќе ви се исполни и нешто прекрасно навистина ќе доживеете.
Без разлика колку ви е добро или лошо, бидете благодарни за она што го имате. Секој ден размислувајте на тоа и заблагодарете му се на универзумот.