Екстремни водени спортови

Кога и да се спомне лето, вие помислувате на море. Плажата и морето се места кои ви нудат безброј начини за забава преку денот. Денес, ретко која плажа нема опрема за водeни спортови кои во последно време станаа вистински хит.

ekstremni-vodeni-sportovi-sozdadeni-za-leto-01

Па, зошто ова лето да не го посветите на усовршување на нов воден спорт?

Летање со параглајдер

Овој спорт е блага верзија на параглајдерство кое ви дава неверојатно чувство. Од една страна сте прицврстени за специјално дизајниран параглајдер, а од друга страна со глисер. Ако е доволно јак тогаш може да издржи и до 3 лица. Ова e возбудлив, а воедно и доста безбеден екстремен спорт.

ekstremni-vodeni-sportovi-sozdadeni-za-leto-02

Кајтсурфинг

Во последниве години овој спорт стана доста популарен во регионот. Концептот е сурфање на вода на мала даска држејќи мал едреник кој е придвижен од ветерот. Ова се смета за највозбудлив спорт од сите затоа што тешко е да се совлада моќта на ветерот.

Сурфање на ветeр

Станува збор за два спорта - едрење и сурфање. Даската за сурфање најчесто е голема околку 2,5m и е придвижувана од силен ветeр кој создава притисок на едрото. Овој спорт ќе ве исполни со позитивна енергија и големо количество на адреналин.

ekstremni-vodeni-sportovi-sozdadeni-za-leto-03

Скијање на вода

Скијањето на вода е еден од првите спортови на вода кои се појавиле некогаш. Изгледа доста едноставно, но потребна ви е голема техника и сила за да се одржи телото исправено.

Нуркање во вода

Овој спорт е највозбудлив во егзотичните предели каде што има богата морска флора и фауна. Со помош на боцата со воздух можете да останете долго во водата, а опремата ви овозможува да немате никаков проблеми додека истражувате.

ekstremni-vodeni-sportovi-sozdadeni-za-leto-04

Ловење на големи риби

Ова е идеален спорт за сите риболовци. Се работи за поход на големи риби како туната. За да се впуштите во ваква авантура потребен ви е голем и опремен брод. Ова воопшто не е едноставно бидејќи големите риби навистина можат да ве уморат.

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Емотивни фотки: Дечиња без родители на кои им се исполнила најголемата желба - да бидат посвоени Сингл маж кој посвоил девојче со Даунов синдром, пар кој посвоил пет браќа и сес...
6 луѓе кои ќе беа шампиони ако мрзеливоста беше спорт „Сопругот секогаш ги остава валканите чорапи кај ќе стигне, а кога ќе се исперат...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg