Идеи за мали, удобни и функционални тераси

Колку и да е малечка вашата тераса, за вас тоа е вистинска оаза, посебно кога сонцето е пријатно, а кафето и книгата по ваш вкус. Само неколку минути опуштање во денот може да ви донесе неверојатен мир и спокој.

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-01

Меѓутоа, како и секој мал простор, важно е да го размислите и осмислите секој ситен детаљ. Еве неколку фантастични идеи кои сигурно ќе го зголемат секојдневното уживање.

Само најнеопходното

На терасата поставете го она што ви е најнеопходно – место за седење и малечка масичка. Украсете ја оградата со цвеќе и некои интересни детали и вашата тераса е подготвена за уживање.

Душек за читање

Направете си удобно катче за читање сo помош на неколку меки пернички. Кога ќе ви затреба малку мир, ќе знаете каде да го пронајдете.

Малку боја

Додајте на терасата еден малку поразличен и пошарен ѕид кој ќе одговара со дезенот на перничките.

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-02

Убавината на зеленилото

Можете да засадите различни билки и да им направите простор да растат и по вашата тераса. На пример, растенијата кои ползат и се приспособуваат за површината се одлични.

Весели бои

Додајте малку радост на вашиот балкон така што ќе ставите шарени шолјички, столици, завеси и неколку украси.

Едноставност

За вашиот мал простор да изгледа уредно, одлучете се за еден вид на цветови и само неколку украси во светли бои, како што се тепихот и подметнувачите.

Фиоки и полици

Фиоките и полиците се секогаш корисни, па така ќе ви заштедат простор и на терасата. Искористете ги фиоките со перничиња над нив за седење, а полиците за цвеќиња и украси.

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-16

Дрвена ограда

Дрвената ограда може да биде одлично место за закачување на цвеќиња, како и место за романтични светилки.

Гранка на едноставноста

Оваа идеја е многу едноставна и многу оригинална. Префарбајте гранка од дрво и искористете ја за закачување на ѕвончиња и секакви детали што би имале декоративна улога.

Функционален мебел

Секогаш одбирајте парчиња мебел кои ќе може лесно да ги поместите и кои нема да зафаќаат премногу простор. Сламените столчиња, перниците и подвижните масички се идеални за малечките тераси да изгледаат пространо и удобно.

Со мала креативност и многу љубов, вашето омилено катче може да изгледа вака...

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-03

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-04

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-05

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-06

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-07

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-08

mali-udobni-i-funkcionalni-terasi-09

Уште 10 идеи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Идеи за креативни подароци за на мекици (фото) Ако сакате да подарите уникатен подарок на мекици за новородено бебе, имаме неко...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Тешкиот живот на мајката на Џеф Безос – Го родила на 16 години, немала пари Мајката на еден од најбогатите луѓе во светот имала исклучително тежок живот и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg