Како изгледа совршениот маж?
Добро е образован, успешен е, во четириесеттите години, не се опива и веројатно изгледа како Патрик Демпси, популарниот актер од „Вовед во анатомија”.
Ова се резултатите од анкетата спроведена помеѓу 1.168 возрасни лица во САД кои требало да се изјаснат кои се идеалните карактеристики и квалитети на еден маж.
На врвот на листата е образованието, а потоа следат грижливоста и џентлменските манири.
Мрзеливоста е карактеристика која најмногу иритира, а речиси половина од испитаниците мислат дека опивањето е најлошата мана на квалитетниот маж.
Односот на мажот со неговата мајка исто така е клучна точка. Дури 69% кажуваат како мајката многу ги контролира, а дури девет проценти тврдат дека мајката ја има целосната контрола.