Како да отстраните дамки од фломастер?
Дамките од фломастери се еден од најчестите проблеми кои ги имаме за чистење, посебно ако се наоѓаат на омиленото парче облека. За да ја избегнете оваа главоболка, ви нудиме три начини како лесно и брзо да ги отстраните.
Алкохол
Дамката добро натопете ја со алкохол и тапкајте со вата за да не се рашири дамката. Постапката повторете ја колку што е потребно, односно додека дамката потполно не ја снема.
Лимон
Велат дека треба да се натопи крпа која не пушта боја во лимонов сок и да се трие дамката додека не ја снема. Потоа облеката задолжително да се испере.
Млеко
Извалканата ткаенина оставете ја потопена во млеко во текот на целиот ден, потоа исперете ја.