Подгответе: Неодоливи Панда колачиња

Ова е само уште еден креативен начин како може истовремено да уживате во вкусот и декорацијата на чоколадните мафини, кои важат за еден од најслатките десерти.

neodolivi-panda-kolacinja-01

Овие панди може да ги подготвите за било која пригода, но посебно интересно би било доколку ги изненадите вашите најмлади по повод роденденска прослава или пак некој близок кој знаете дека ги сака овие животинчиња.

Состојки потребни за чоколадните мафини:

  • 1 ½ шолја брашно
  • 2/3 шолја какао
  • 1 1/3 шолја шеќер
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка прашок за печиво
  • ½ лажичка сол
  • 1/3 чаша маслиново масло
  • 1 лажичка арома ванила
  • 2 јајца
  • 2/3 шолја млеко
  • 2/3 чаша топла вода

neodolivi-panda-kolacinja-02

Загрејте ја рерната на најсилно. Наполнете го калапот за мафини со корпи.

Во голем сад измешајте ги сувите состојки додека не се соединат. Додадете ги јајцата, маслото, ванилата и млекото и постојано мешајте. Додадете ја топлата вода и повторно промешајте.

Откако ќе добиете мазна смеса, без грутки прелијте ја во калапите на кои поставивте заштитни корпи. Печете околу 15 минути.  Додека ја припремате декорацијата, оставете ги во фрижидер да се оладат.

За декорација ќе ви биде потребно:

  • Шлаг пена
  • Кесичка за декорирање со шлаг
  • Шеќер
  • Чоколаден чипс
  • Чоколадни трошки

neodolivi-panda-kolacinja-03

Најпрво во шприцот ставете ја шлаг пената и врз мафините нанесете подебел слој. Потоа наросете или брцнете ја површината на колачињата во белиот шеќер.

neodolivi-panda-kolacinja-04

neodolivi-panda-kolacinja-05

Чоколадниот чипс искористете го како нос и очиња, а чоколадните трошки внимателно наредете ги во облик на мала уста.

neodolivi-panda-kolacinja-06

neodolivi-panda-kolacinja-07

neodolivi-panda-kolacinja-08

Врз чоколадниот чипс на очињата ставете една точка шлаг пена и уште една точка топено црно чоколадо кое ќе го дефинира реалниот изглед на очињата.

neodolivi-panda-kolacinja-09

neodolivi-panda-kolacinja-10

Вашите неодоливи Панда колачиња се готови за послужување! Уживајте во вкусот и насмевките кои ќе ги предизвикате...

neodolivi-panda-kolacinja-11

Би можело да ве интересира:

Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg