92 годишна Филипинка веќе 60 години тетовира
Старицата Ванг Од која има 92 години е вистинско чудо на природата бидејќи изработува тетоважи повеќе од 60 децении. Оваа витална жена раскажува како занаетот го научила од својот татко, дека работи како тату мајстор заради пари и памети дека прво нешто што истетовирала е цртеж на скалила и питон.
“Заработувам пари правејќи тетоважи. Од тие пари купувам свињи и кокошки” - кажува старицата која преку ден работи на огромни плантажи, заедно со дупло помлади луѓе.
Алатот кој го користи за тетовирање е потполно природен како и бојата која ја користи. Бојата се прави од пепел од кора на бор, а трнот и служи како игла која ја забодува во стап од бамбус.
“Кога имав 25 години, моето момче настрада додека сечеше дрва. Не барав друг, туку се посветив на тетовирањето” – раскажува Ванг, која е најстариот тату мајстор кој се сеќава на Втората светска бојна и ги памети стравовите низ кои поминувале.