Каде се наоѓа највкусниот сладолед во светот?

Омиленото летно освежување се подготвува на милиони начини, има безброј вкусови, а подеднакво е обожуванo на сите континенти.

kade-se-naoga-najvkusniot-sladoled-vo-svetot-1

Погледнете каде можете да го пробате оној најдобриот сладолед, кој ќе ви разбуди сите сетила.

Percè No.! - Фиренца, Италија

Уште од 1939 година, оваа слаткарница која го носи името “Зошто да не?” продава сладолед со интензивни вкусови кои секојдневно ги подготвува. Нејзиниот избор е разновиден, но меѓу омилените вкусови се мешавината на мед и семки од сусам, сладоледот од зелен чај, исто како и вкусот на кафе со парчиња чоколадо во него. Исто така, во оваа слаткарница се подготвуваат и огромен број на овошни шербети и преливи.

Perchè No! се наоѓа во Via dei Tavolini, на само две минути од познатата фирентинска катедрала.

Vaffelbagereit - Копенхаген, Данска

Забавниот парк Тиволи е најпознатиот дански аутлет на сладоледи со стогодишна традиција. Специјалитет им е сладоледот послужен во корнет од вафла, наречен Американер во кој се ставаат четири топки сладолед на кои притоа следуваат преливи, сирупи, слатка павлака и други додатоци.

Тиволи се наоѓа во средината на Копенхаген и отворен е од средината на април, па до крајот на септември. Доколку решите да го посетите ќе имате можност да уживате во дури 40 различни ресторани.

A’Jia Hotel - Истанбул, Турција

По сладолед можете и во Истанбул бидејќи тоа е ретка романтична атмосфера, посебно ако се решите да уживате на терасите од хотелот A’Jia, сместен во преуредена вила од 19 век. Негови специјалитети се похованиот сладолед од ванила, шербетот од маракуја и традиционалниот турски сладолед од козјо млеко дондурма.

kade-se-naoga-najvkusniot-sladoled-vo-svetot-2
Ice Cream City - Токио, Јапонија

Со десетина штандови кои нудат повеќе од 300 различни вкусови, токискиот “Ice Cream City” е место каде што може да ги испробате најчудните вкусови во светот. Вкусовите како пилешко во соја, корен од орхидеја, морска сол или јагула се само некои од најчудните идеи.

Capogiro Gelato - Филаделфија, САД

Направени од најсвежите намирници како што е млекото од фарми, сладоледите и шербетите кои секојдневно се подготвуваат во Capogiro Gelato имаат многу единствени вкусови и мешавини. Меѓу нив се и мадагаскарската ванила-бурбон, мелограно (шипинки), никола Пиемонте (лешник), сајгонски цимет, тајландско кокосово млеко со рум и тиква.

Bombay Ice Creamery - Сан Франциско, САД

Некои од најдобрите индиски сладоледи на светот може да се пронајдат во Америка, поточно во Сан Франциско. Во понудата влегуваат вкусови како што е кардамома, чај, сафрана, рози и ѓумбир кои ретко може да се пронајдат надвор од индиските територии. На менито се наоѓаат и традиционални замрзнати млечни десерти, како и пијалоци од замрзнат јогурт.

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Најбизарните рекорди во светот (кои не треба да пробате да ги срушите) Дали би се осмелиле да поминете 10 дена затворени во ковчег? А, дали би ставиле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg