Женски ситници кои мажите не ги разбираат
Мажите гледаат на жените како да се суштества од друга планета. Не е воопшто чудно зошто постои таа изрека „Мажите се од Марс, а жените од Венера”. Постојат работи кои мажите никако не можат да ги разберат.
Во продолжение е листа од 15 работи кои за мажите претставуваат мистерија.
Лосион за стапала
Мажите навистина не можат да ја сфатат користа на лосионот за стапала. Зарем не е доволно тоа што го користиш за тело?
Вага за мерење тежина
Тие не разбираат зошто жените ја имаат, а сепак не ја користат.
Плик чанти
Овој вид на чанти не поминуваат добро кај машкиот пол бидејќи сите работи кои не можете да ги сместите внатре, завршуваат во неговиот џеб.
Декоративни перници
Тие изјавуваат “Кога сакам да легнам на кревет сакам тоа да го направам веднаш, а не секој пат да водам борби со перниците за да стигнам до него”.
Платформи
Поради некои причини мажите не ги сакаат платформите, ти гледаат на нив како мамење. Тие преферираат висока штикла без платформи.
Широки пижами
Не ги сакаат бидејќи не се воопшто секси. Тие би сакале да видат нешто кратко, свилено или во најдобриот случај ништо.
Доколенки
Класичните хулахопки им се секси, но овој тип на чорапи едноставно не ги разбираат и ги потсетува на нешто што го носат бабите.
Ултра тесни - стреч фармерки
Мажите сметаат дека девојките во овие фармерки изгледаат како некои чудни инсекти, дури и слабите жени. Неверојатно, но вистинито.
Виткач на трепки
Ова им изгледа како направа за измачување. Исто така сметаат дека е непотребно бидејќи природните трепки се извиткани сами по себе.
Долна облека во месо боја
Не им е важно дека тоа одговара најдобро на бела облека. Вака вие им изгледате како голите пластични кукли од излог.
Многу накит
Сметаат дека е потполно бесмислено, па дури и опасно.
Необични огледала
Под необични огледала се подразбира огромни огледала во барокен стил. Претпочитаат слика наместо огледало кое не личи на огледало.
Мразењето на дождот
Сфаќаат дека дождот ви ја уништува фризурата, ама не разбираат зошто мора да се крене толкава прашина и постојано да се потенцира тој факт дека врне.
Шминка
Сакаат да ве гледаат дотерани. Но, не разбираат зошто мора да се шминкате дури кога излегувате од дома на само 5 минути.
Резервни чевли
Ги сакаат високите чевли и сакаат кога ги носите, но навистина не им е логички да носите резервни ниски чевли кои се удобни.