7 совети кои ќе ви ја разубават иднината

Обично се вели, треба да се грижиш за работи кои ќе бидат важни во наредните 5 години од сега. Затоа сега замислете се во улога на пет години постара верзија од вас, која ви се обраќа, и ви ги дава следниве совети.

7-soveti-koi-ke-vi-ja-razubavat-idninata-01

Направи време за работите кои те прават среќен

Во животот твоето ниво на среќа ќе се менува. Големите настани многу ќе и влијаат на среќата. Затоа секој човек треба да има оптимално ниво на среќа на кое ќе му се навраќа. Како се одржува тоа нормално ниво на среќа? Таа треба да ја најдеме во малите работи и да се трудиме секојдневно да ја одржуваме. Можеби ова изгледа незначајно, но зарем не е најбитно да бидеш среќен во моментот?

Негативни пријатели

Под негативни мислиме на тие пријатели кои се тука за само да те направаат да се почувствуваш лошо. Запомни, критиката е потребна за раст, но научи да разликуваш конструктивна критика од негативна која влијае на твојата самодоверба.

Грижа за неважни работи

Не си го троши времето на работи кои не можеш да им влијаеш. Обично тие работи секогаш си доаѓаат на своето место, а опсесивното размислување за нив сигурно нема да помогне. Така само губиш моменти кои можеш да ги искористиш за работи кои се важни.

Не дозволувај некој да ти го диктира животот и да ти кажува како се чувствуваш

Не си демократија, не секој добива глас. Здраво е да се заемат во предвид туѓи мислења, и да се биде отворен за нив. Но не заборавај дека се работи за твојот живот. Никој друг не знае подобро од тебе, како навистина треба да постапиш во некоја ситуација или како се чувствуваш. Научи да им веруваш на своите инстинкти.

Најдобриот јас

Во тешки ситуации, многу од нас реагираат инстинктивно, и тоа ја покажува, лошата страна од нас. Тој пристап често ја прави ситуацијата полоша, а доколку го промениме ставот и ако им приоѓаме на нештата со најдобриот јас, тогаш исходот сигурно ќе биде подобар.

Фокусирај се на работите кои се важни

Нема да ги имаш фамилијарните членови околу тебе засекогаш. Твојот пријател можеби нема да биде толку близок понатаму во животот како што е сега. Никогаш нема да бидеш во овој момент и во иднина ќе се навраќаш и ќе посакуваш да си го искористил максимално.

Имај верба

Имај верба дека сите коцки ќе се постават на свое место. Сите ситуации се знаци кои паметно треба да се искористат. Затоа секогаш имај широко отворени очи за да препознаеш што универзумот ти нуди.

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg