Најбизарниот СПА центар во светот нуди змиска масажа
Во последните неколку години СПА центрите развија толку многу нови техники за опуштање на своите клиенти, што некои дури и ја преминаа границата на бизарното и застрашувачкото.
Во овој спа центар во главниот град на Индонезија, одамна лековитите води и купките од чоколада се заменети со змиски третмани.
Оваа екстремна масажа со питони се верува дека е одлична за телото токму поради адреналинскиот шок, па после овој третман секој се чувствува како препороден.
Една сесија со змии чини околу 50 долари, што е прилично скапо за Индонезија во која традиционалната масажа се добива за само 10тина долари.
Исто така, овој центар нуди и масажи со голф топчиња, а посебно популарни се педикирот, маникирот и купката за тело од пиво. Како што тврдат сопствениците, локалното пиво претставува одличен еликсир за освежување и обновување на кожата.